16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаБектеши: Aко треба ќе ги „замрзнеме цените“ на основните производи, за храната...

Бектеши: Aко треба ќе ги „замрзнеме цените“ на основните производи, за храната да не поскапи во Северна Македонија.

Ако е потребно, ќе ги искористиме механизмите за да нема ценовни шокови, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши во врска со вчерашното предупредување на преработувачите дека храната драстично ќе поскапи.

Бектеши по средбата со дел од еснафот на Старата скопска чаршија нагласи дека состојбата будно се следи.

Будно ја следиме ситуацијата во делот на глобалниот ланец на снабдување, посебно со прехранбените производи. Тоа го покажавме и во време на пандемија. Секако има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија каде што за основните производи може да донесеме одлуки во делот на замрзнување на одредени цени, било тоа да се цени во прехранбените производи или суровини кои се увезуваат или се продаваат директно во голема и мала продажба, рече министерот.

Ние работиме, додаде, на зголемување на платите на приватниот и јавниот сектор, првично на минималната плата, што потоа ќе придонесе да се зголемуваат и другите плати.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...