14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Куманово сè уште го бара лавчето Симба: Кај еден од...

Полицијата во Куманово сè уште го бара лавчето Симба: Кај еден од осомничените запленети се препариран тропски мајмун и лебед !!!!

Полицијата сè уште не го најде лавчето Симба. Според информациите кои Мета ги доби од Основното јавно обвинителство при претрес кај лицето чии фотографии со лавчето беа објавени, не е пронајдено дивото животно, пишува Мета

Министерството за внатрешни кое по насоки на Основното јавно обвинителство Куманово го лиши од слобода кумановецот С.А.(31) презема дејствија за пронаоѓање и за утврдување на начинот на кој лавчето било донесено во државата.

„По добиени сознанија извршен е претрес и кај друго лице, каде се пронајдени препарирани диви животни – тропски мајмун и лебед. Препарираните животни се одземени и испратени во надлежна институција за утврдување на нивното потекло и начинот на препарирањето, од што ќе зависи и евентуално поведување на постапка и за ова лице Се очекува по прибирање на доказите, МВР до обвинителството да достави кривична пријава за натамошно постапување“, изјавија за Мета од обвинителството.

За сега освен против кумановецот С.А не се покренати обвинениа притив други лица.

„Во овој момент во судот нема доставено обвинение или друг акт за кој судот би бил надлежен да спроведува постапка“, изјавија од Основениот суд Куманово за Мета

Извор:Мета.МК

Извор:Мета

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...