14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНОВА „ЈАВНА СОБА“ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Голи фотографии и видеа на...

НОВА „ЈАВНА СОБА“ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Голи фотографии и видеа на жени и девојки Ромки завршија на Фејсбук, мажите со повик: „Пратете слики од нечесните

Голи фотографии и видеа од девојки Ромки се споделуваа деновиве преку социјалните мрежи. Страницата за која предупредија Иницијативата на жени во Шуто Оризари и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, е пријавена кај надлежните институции и за сега е недостапна. Ова е нов случај на „Јавна соба” и во групата која е направена беа споделувани експлицитни приватни фотографии и видеа на жени и девојки Ромки. Од Националната мрежа апелираат дека овој нов случај е уште една потврда дека итно е потребна измена на Кривичниот законик и дека треба да се воведе ново кривично дело „Сексуално вознемирување преку интернет”.

Во коментарите кои на Ромски се напишани на Фејсбук страницата мажите пишуваат дека треба да им се пратат слики, од, како што ги нарекуваат „нечесните” и да ги објават јавно на социјалните мрежи. Од Иницијативата на жени од Шуто Оризари велат дека се згрозени од она што се прави со приватни фотографии на Ромките и дека тие не смеат да бидат жртви на нова „Јавна соба”.

Страницата на која се појавувале овие експлицитни видеа и фотографии била отворена на 21 август, годинава. Девојките и жените се обезвреднуваат. На истата оваа страница на 6 октомври е упатен повик за собирање на фотографии и видеа од жени и девојки Ромки со цел нивно објавување и како што е наведено во објавата „јавно прикажување на „нечесните жени”.(„Koj mangena shaj dena slike privatno te ubacina e nepostena manusen”).

На самите објави има приватни фотографии и видеа од Ромки кои што живеат во Македонија, но и надвор од нашата држава, а на некои фотографии се видливи и нивните малолетни деца. Сите објави предизвикува лавина од вознемирувачки коментари и говор на омраза од поединци, како и повици за јавен линч со што се повредува достоинството на Ромките чии фотографии се објавени. Целиот текст во мкд.мк

 

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...