24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски покажа 61 потпис: Чекаме оставка на Заев во понеделник

Мицкоски покажа 61 потпис: Чекаме оставка на Заев во понеделник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција покажа список со, како што вели, потписи од 61 пратеник кои го сочинуваат новото парламентарно мнозинство, што, според него, покажува дека оваа влада паѓа.

<

-Во периодот што следува ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи ако сум сигурен дека ќе биде влада на сериозен кредибилитет, со силни институции што ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите – изјави Мицкоски, додавајќи дека негова цел е формирање на политичка влада која ќе го истера мандатот до 2024 година.

Ако не се постигне оваа цел и не обезбеди полна ефикасност на владата потребна за справување со кризите, борба против корупцијата и криминалот, тогаш, додаде тој, единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори.

-Ја очекуваме оставката на Зоран Заев до парламентот во понеделник. Во спротивно, ја отпочнуваме постапката за изгласување на недоверба на владата – рече Мицкоски, обвинувајќи ја владата дека се плаши дека ќе ги загуби привилегиите.

Исто така, тој посочи дека очекува актуелното мнозинство дополнително да расте со нови пратеници, со цел да биде поразен СДСМ, но и да се развласти ДУИ.

Fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...

Седум години Северни- Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа !!!

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и...

Патничко комбе излета во Охридското Езеро кај селото Подмоље.

Утринава на стариот пат од селото Подмоље кон Охрид, во близина на болницата „Свети Еразмо“, патничко комбе излетало од коловозот и завршило во Охридското...