16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаКога го воведоа кога го укинаа?!- Од утре нема повеќе бесплатнен автобуски...

Кога го воведоа кога го укинаа?!- Од утре нема повеќе бесплатнен автобуски превоз во Скопје, градоначалничката Арсовска вели дека досегашните мерки дале резултати

Од утре престануваат да важат мерките кои Градот Скопје ги донесе за спречување на загадувањето на воздухот во главниот град.

На денешниот брифинг со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше посочено дека досегашните мерки дале резултат.

Поради тоа, од утре ЈСП продолжува да вози по нормалниот возен ред и мерките ќе бидат укинати.

Дополнителни мерки, како што рече Арсовска, нема, бидејќи тие се лимитирани.

Прашана за колку загадувачи се изречени казни, Арсовска рече дека се прават лабораториски мерења и податоци се добиваат за пет до седум дена. Во изминатите две години, како што рече, биле направени само пет надзори за животна средина.

– Се што е во наша надлежност ќе направиме, рече Арсовска, додавајќи дека имаат луѓе на терен кои постојано работат на контрола на индустриските капацитети.

Таа најави дека во наредните два месеца ќе има повеќе вонредни инспекциски надзори.

– Сите индустриски капацитети ќе ги исконтролораме, ако имаат обврска да си стават филтри ќе си стават, ако сакаат да загадуваат во континуитет ќе бидат казнувани. Постапуваме и кај малите загадувачи, заклучи Арсовска.

Градоначалничката информира дека за два месеци расчистиле 120 диви депонии и најави драконски казни за загадувачите.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...