14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПаско Кузман: Му реков на Субрата Рој да не чепка кај Љубаништа

Паско Кузман: Му реков на Субрата Рој да не чепка кај Љубаништа

spot_imgspot_img

Археологот Паксо Кузман во своето денешно интервју се сомнева дека судскиот процес Фаланга 2 каде што тој беше обвинет, има врска и со неговото спротивставување несудениот инвеститор од Индија, Субрата Рој, во намерата да подигне проект во Љубаништа.

„Да, јас се спротивставив на тоа. Имав една средба со него. Кај Љубаниште има локалитети и реков дека тука треба да се внимава и да не се чепка. Можеби е тоа, не знам. Митрополитот Тимотеј тогаш ми рече дека добро сум постапил. И за Езерото кажав дека е под заштита на УНЕСКО и дека треба да се внимава“, одговори Кузман на едно од прашањата во неговото денешно интервју за МКД.

Вели дека сепак не сака многу да зборува за случаите Фаланга 1 и Фаланга 2.

„Не сакам да зборувам многу за тоа. Но сигурно има од сѐ по нешто од тие зборови што ги употребивте. Сите знаат, сите мои колеги, сите што ме познаваат, знаат дека јас со таква работа не се занимавам. Дури и кога беше оној големиот случај со кражбата на артефакти, археолошки предмети од Музејот на Македонија во Скопје, дел од моите колеги беа осудени на затвор, некои од процесите мислам дека сѐ уште траат… И тогаш ми дојдоа дома шест луѓе. Тоа беше изненадување и шок за моето семејство, за жена ми, која е во количка. Кај мене бараа предмети најдени во локалитетот Исар Марвинци и насекаде каде што работевме. И до ден денес тие артефакти не се најдоа. И тоа најмногу ме боли, ме загрижува и ме чуди. Кај моите колеги сигурно не се, тоа го гарантирам. Некаде се, каj некого, кај некои битни личности и мислам дека сѐ уште се во Македонија. Тие предмети ги нема во музеите“, тврди археологот.

Кузман додава дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ буџетот за истражување на артефакти бил на доста завидно ниво, но приоритетот не бил антиката.

„Нашата работа немаше врска со таа т.н. антиквизација. Едноставно тоа се наметна, кога копате наидувате и на праисторија, неолит, антика и среден век. На еден локалитет нема само антика. Ние не смееме да работиме само антика, ние ги следиме културните слоеви. Истражуваме и праисторија и антика, византиски период, среден век, отомански период“, вели експертот.

На повеќе наши локалитети – Стоби, Хераклеја, Скупи… антиката ја има најмногу затоа што била најсилна на оваа територија. И затоа излегуваше дека ние бркаме само антика, дека бараме некакво потекло. Тоа нема врска. Јас сум праисторичар и уживам кога ќе наидам на тие слоеви“, смета тој.

Кузман и натаму вели дека има амбиција да го пронајде гробот на Александар Македонски, но додава дека денешните Македонци се Словени.

Да, реков. Откривањето на гробот на Александар Македонски е дел од тие мои проекти што треба да ги завршам до мојата 111 година. Ако гробот се открие кај нас, имајќи ги предвид сите овие апетити од соседите и од Европа, која ја смета Грција за јадрото на европската цивилизација и дека го немаме ние тоа право, тоа ќе предизвика навистина бурни реакции. Како може да немаме право ако го најдеме на наше тло, ем се викаме така, ем Македонија се вика оваа територија. Александар Македонски е универзална личност, светска. И ние имаме право, не дека потекнуваме од него, тоа е навистина смешно. Јас сум Словен, но културата е наше наследство“, додава Кузман.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...