20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаUncategorized @mkСлави им постави услов на САД и ЕУ - За да ги...

Слави им постави услов на САД и ЕУ – За да ги пуштиме “Сверните во ЕУ “- Ќе ни дадете визи за Америка, Шенген за во Европа и да се прифатат бугарските услови околу историјата

Лидерот на владиниот бугарски коалиционен партнер ИТН шоуменот Слави Трифонов ги обвини Македонците дека се Бугари и соодветно на тоа дека се фашисти.

,,Темата Македонија, извинете – темата Северна Македонија е важна за сите Бугари. Затоа што тоа е дел од нашата национална историја и најважно – затоа што над 200 илјади бугарски војници загинаа за слободата и обединувањето на оваа земја.

Бидејќи и јас сум Бугарин и ми е важно, ќе го споделам моето мислење.

Еднаш отидов во Македонија.

Во Скопје, спроти бугарската амбасада, имаше голема табла со спреј. Натписот гласеше: „Бугари, умрете!“

Стоев пред овој знак половина час. Го погледнав и си помислив – зошто луѓе, што ви направивме за да чувствувате таква омраза?

Зарем спротивното не треба да биде чисто историско и емотивно? Стотици илјади од вас имаат бугарски пасоши, нели?

За да добиете бугарски пасош, мора да ги докажете бугарските корени. Значи, вие што имате бугарски пасоши во Македонија, извинете – во Северна Македонија и самите сакате да бидете мртви. Затоа што сте Бугари. Според пасошот. И на ваше барање.

Во вашите учебници по историја пишува дека Бугарите се фашисти. Значи, вие самите сте фашисти”, вели Трифонов.

Тој најавува дека на 10 јануари ќе има советодавен совет на претседателот Радев на, тема Македонија.

,,Извинете – на тема Северна Македонија, затоа што Македонците сакаат да станат членки на Европската Унија, а Бугарија ги блокира и сите сме под притисок да ги пуштиме. . И покрај сите факти што ги наведов погоре.

А што да правиме сега, драги Бугари, кои не се срамите да се нарекувате Бугари и со гордост и достоинство во душата да го носите концептот „Бугарин“?

Ќе ти кажам што мислам. Бидејќи Американците толку многу сакаат Македонија во Европската Унија, нека на граѓаните на Бугарија, како и на граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, не им треба визи за да одат во Америка. Односно, ние сме полноправна членка на ЕУ и бугарските граѓани, бидејќи се Европејци, не им требаат визи за да одат во Америка.

И второ, повторно, бидејќи сме полноправна членка на Европската Унија, Бугарија мора веднаш да стане членка на Шенген зоната. Безбедени од чекање, чекање и ние треба да бидеме Европејци, но ние сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи – веднаш нема визи за Америка и за членките на Шенген.

Штом САД и ЕУ сакаат да бидеме лојални партнери, добро, но лојалноста е двонасочна. Ние ќе им бидеме лојални, но тие нека ни бидат лојални. Ова е фер. И така е правилно.

Под овие услови, и доколку Македонците, извинете – северните Македонци, ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, можеме да го започнеме преговарачкиот процес за прием на Македонија во Европската Унијата.

Така мислам јас Станислав Тодоров Трифонов, државјанин на Бугарија”, пишува лидерот на ИТН и шоумен.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...