9.9 C
Ohrid
сабота, февруари 24, 2024
ПочетнаМакедонијаТие 5.000 денари што ги скративме од умрените се привремено, велат од...

Тие 5.000 денари што ги скративме од умрените се привремено, велат од Солидарниот Фонд.

Намалувањето на средствата што од Солидарниот фонд се исплаќаа за посмртнина од 30 на 25 илјади е привремено, а петте илјади дополнително ќе се исплатат од јулската пензија, по редослед на поднесените барања и во зависност од расположивите средства. Намалувањето и успорувањето на динаминката на исплата, велат од Одборот на Регистрирана организација за солидарен фонд и членарина, се резултат на поголемиот број починати лица.

-Обемот на средствата во Солидарниот фонд зависи од акумилраните средства и бројот на починати корисници на пензија. Имено, до пандемијата умираа околу 1.200 корисници на пензија просечно месечно, а сега за време на пандемијата над 1.800 корисници на пензија. Со тоа се зголеми бројот на примателите на посмртна помош и времето на чекање на исплата на отпремнината. Со цел да се помогне на примателите и да се намали бројот на времето на чекање, Одборот донесе времена одлука да им помогне на семејствата и да им се исплати најголем дел од отпремината од 25.000 денари, а 5.000 денари, дополнително ќе започнат да се исплатуваат со исплатата на јулската пензија, по редослед на поднесените барања и во зависност од расположивите средства, се вели во денешното соопштение од Одборот.

Според тоа, велат од Одборот, не е вистина дека е намалена посмртната помош од 30.000 денари на 25.000 денари трајно, што непотребно создаде немир и забуна меѓу пензионерите.

Појаснуваат дека средствата за Солидарен фонд се обезбедуваат од корисниците на пензија од врз основа на нивна согласност. Тие средства се уплатуваат на посебна под сметка во рамките на трезорската сметка и наменски се користат само за исплата на посмртната помош.

Во соопштението се додава дека за сите прашања од Солидарниот фонд, одлучува Одборот на Регистрираната организација составен од пензионери од четирите сојузи во нашата држава.

MИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Штипјанец на куќата си направил мини ветерница, па сега комшиите се жалат бидеќи била бучна па неможеле да спијат навечер !!

Мини ветерница на покрив во Штип Ентузијаст од улицата „Димо Хаџи Димов“ во Штип на покривот од својата куќа си направил мини ветерница. Експериментот веројатно...

Џафери “упадна” во СВР Тетово, па ги искара вработените: Колку луѓе тука работите во оваа канцеларија ?!?!?!

Во улога на инспектор, техничкиот премиер, Талат Џафери беше во посета на СВР Тетово. Тој во една канцеларија затекна куп луѓе, а на прашање...

Сашко Коцев: Ајде сите пред МВР да играме оро и да не сликаат групно за пасош, исто како на свадба !!!

На „Златна бубамара“ се врати Сашко Коцев, откако лани не го водеше шоуто поради претходно договорени обврски. Коцев не беше официјален водител, туку неговите...

Пасоши ќе има за сите: Дочек на обрасците за пасоши на „Богородица“

Дочек на обрасците за пасоши на „Богородица“ Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица, синоќа ги пречека новите 140.000 обрасци...