16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПознат идентитетот на младиот велосипедист што загина денес во Скопје

Познат идентитетот на младиот велосипедист што загина денес во Скопје

Од Министерството за внатрешни работи за Прес24 ги даваат деталите во врска со трагедијата којашто се случи претходно денеска кај Радишани. Надлежните информираа дека 63-годишник удрил во двајца велосипедисти, од којшто едниот починал на лице место, а другиот е пренесен во ургентниот центар „Мајка Тереза“.

Од Министерството за внатрешни работи за Прес24 ги даваат деталите во врска со трагедијата којашто се случи претходно денеска кај Радишани. Надлежните информираа дека 63-годишник удрил во двајца велосипедисти, од којшто едниот починал на лице место, а другиот е пренесен во ургентниот центар „Мајка Тереза“.

„Во 15.48 часот е пријавено дека на обиколница, после клучка Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна несреќа во која возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти: А.Ш. , кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на ИМП е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза“, изјавија од МВР за Прес24.

Вечерва беше обелоденет и идентитетот на починатиот велосипедист. Станува збор за Арбр Шаќири, а од клубот во којшто членувал се збогуваа со него.

„Со длабока жалост ве известуваме дека денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил удри двајца велосипедисти од Скопје, на обиколницата во Скопје (Радишани) кои се движеа од Тетово.
Во несреќата животот го загуби нашиот пријател и член на велосипедскиот клуб Феникс од Тетово, Арбр Шаќири.
Во име на клубот изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и роднините“, се вели во објавата на велосипедскиот клуб.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...