7.9 C
Ohrid
недела, март 23, 2025
ПочетнаМакедонијаЛолеска: Утре е нов ден, нашата борба продолжува !!!!

Лолеска: Утре е нов ден, нашата борба продолжува !!!!

spot_img

Денеска светот го одбележува денот на ретките болести. Охрид цел февруари им го посвети лицата со ретките болести со V сезона на националната кампања „Ги Запознаваме Ретките Болести“, со многу осветлени објекти, обоени раце, многу цртежи и прекрасна песничка, вели носителот на проектот, охриѓанката Гордана Лолеска на последниот ден од кампањата – Денот на ретките.

<

 

Горда на уште една ретка, V по ред поштенска марка, горда на поддршката од поединци, општествено одговорни компании, институции, спонзори. Со надеж за подобро утре… навремена дијагноза, пристапност и достапност на лековите за ретки болести да застанеме само на момент колку да земеме здив, бидејќи утре е нов ден, а нашата борба продолжува, порача Лолеска.

Годинашната сезона беше посветена на здравствените работници кои изминативе сезони помогнаа со нивните стручни совети, предлози, пишување текстови, ревидирање на материјали во реализација на кампањата.

 

Проектот „Ги запознаваме ретките болести“ се реализираше во текот на февруари на целата територија на Република Македонија, годинава на над 70 локални и национални и 2 сателитски канали на македонски и албански јазик. Во боите на ретките болести повторно светнаа Самуиловата тврдина, зградите на општините Охрид, Дебрца и Струга, спомениците во центарот на Охрид, Спортската сала „Билјанини извори“, училишните згради, но и многу други објекти ширум државата.

 

еттата сезона од Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ беше заокружена со промоција на петтата поштенска марка со ретка дијагноза – Деца со ретки болести – Ихтиоза, со што повторно сме први во светот со ваква поштенска марка и ваков редок начин на запознавање на граѓаните со ретките болести. (Крај)

извор: ОхридПрес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници

МениЛибертас Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници 23.03.2025 13:36 115 1 минута читање На Универзитетската клиника за хируршки болести...

Бугарскиот пратеник Пејков, вчера пристигна во Кочани да ги предаде собраните пари

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања на својата фондација „Манол Пејков и пријатели“ собра околу 54.000 лева,...

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“ „Мамо, сакам да бидам дома,...

Општина Охрид ќе додели финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за...