16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Дебар се краде струја од уличното осветлување

Во Дебар се краде струја од уличното осветлување

По појавата на кражби и оштетувања на сообрајќајни знаци и на капаци од столбови од уличното осветлување, локалната власт на Дебар откри уште една негативна појава, нелегално поврзување на мрежата на уличното осветлување.

Нашите служби почнаа со контрола на мрежата на уличното осветлување и веќе открија нелегално поврзување во истата. Проверките ќе продолжат редовно и сите такви дејствија ќе бидат пријавени за преземање понатамошни дејствија против овие лица“, велат од општината.

Оваа контролна активност почна откако фактурите за потрошена електрична нергија почнаа нагло да растат, па во еден период поради ненамирени фактури делови од градот останаа без улично осветлување.

Како што претходно информираа од општината, деновиве зачестена е појава на кражба и оштетување на сообрајќајните знаци и капаците на столбовите од јавното осветлување.

„Случаите ќе бидат изнесени до надлежните органи и се надеваме дека сторителите што поскоро ќе бидат откриени и ќе ја добијат заслужената казна“, додаваат од општината.

МИА

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...