14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаUncategorized @mkСтојанче Ангелов: Заедно со пожарникарите го нападнавме пожарот точно на полноќ, ризикувајќи...

Стојанче Ангелов: Заедно со пожарникарите го нападнавме пожарот точно на полноќ, ризикувајќи ги нашите животи-Моментално пожарот не дава знаци на горење !!!

ЖЕСТОКА БИТКА СО ОГНОТ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА
Иако генерално се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овојпат, со храбрите македонски пожарникари одлучивме во текот на ноќта да го нападнеме силниот оган кој проголта две стари но функционални куќи од с. Бељаковце вклучително и две помошни простории во ова село но и една стара напуштена куќа во с. Руѓенце.

Пожарот кој избувна во попладневните часови вчера, (понеделник, 28.08.2023) дополнително се разгоре и прошири во доцните попладневни часови кога веќе беше доцна за полетување на дежурните два полициски и еден армиски хеликоптер како и еден Ер трактор на ДЗС.

Бидејќи пожарот се движеше во два правци со линија подолга од еден километар но најверојатно значително повеќе, а и двата крака дополнително загрозуваа други куќи од овие две села, бидејќи ветрот кој дуваше го движеше огнот многу бргу голтајќи ја пред себе високата сува трева, трња, дрвја, меѓу нив и лесно горливите ниски смреки и други зимзелени дрвја, чекањето на раните утрински часови кога можеа да полетаат двата полициски и еден армиски хеликоптер, ќе предизвикаше дополнителен ризик за куќите и населението во овие две села.

На местото на пожарот веќе се наоѓаа пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка. Бидејќи состојбата беше алармантна побарав засилување со пожарникари од ТППЕ Кавадарци, Штип, Свети Николе и Куманово, вклучително и пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе но и неколку храбри локални жители.

Подршката ја барав возејќи кон пожарот. Беше темно кога пристигнав во с. Бељаковце и веднаш извршив извидување на теренот и состојбата со пожарот. Отидов до две опжарени помошни простории. од таа позиција имав добар видик на едниот крак од пожарот. Пред полноќ пристигна и комплетното засилување со пожарникари од посочените ТППЕ.

Околу 00.30 одлучивме да се приближиме на пламените јазици кои на некои места се издигнуваа по неколку метри над земјата голтајќи ги пред себе дрвјата, грмушките и високата сува трева. Опремени со т.н. напртњачи (мешини со рачни прскалки со 20 литри вода кои се носат на грб) како и специјални противпожарни метли со метални ленти, исклучително храбрите и пожртвувани пожарникари, со теренски возила ги пренесовме пред самата линија на огнот. На местото на кое го прсретнавме пожарот, огнот гореше многу силно, температурата беше висока и имаше многу чад. Ситуацијата се менуваше од миг во миг. Мојата цел беше сејфти фрст, не смееше да се загрози човечки живот повеќе од она што беше неопходно, бидејки сите бевме изложени на одреден ризик. Претходно стекнатата голема доверба во нашите пожртвувани пожарникари ме охрабри да бидам рамо до рамо со нив и да им помагам возејќи ги лично со теренското возило на ЦУК. Но сепак на некои моменти се изложивме на голем ризик.

После двочасовна неизвесна борба со огнот успеавме целосно да го изгаснеме овој голем пожар. На двата крака остана по една дежурна екипа пожарникари од ТППЕ Кавадарци и Штип чија задача беше да внимаваат пожарот повторно да не се разбуди. Во овој момент, вторник наутро, пожарот не покажува никакви знаци на горење. Изгорената површина најверојатно е значително поголема од 100 ха, дополнително ќе излеземе со поконкретна проценка.

Во прилог се три видеа и неколку фотографии од напнатата и жешка атмосфера.

Огромна благодарност до нашите пожарникари херои кои скокаа во огнот за да спасат човечки живот и имот.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...