1.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаСветПресврт во истрагата: Таткото на девојката која ја уби глисер во Хрватска...

Пресврт во истрагата: Таткото на девојката која ја уби глисер во Хрватска откри клучен доказ Facebook6TwitterViberMessenger

Полициските и пожарникарните нукрачи повторно детално го пребараа морето кај Малинска, на местото каде во неделата загина 20-годишната Австријка Верена Хајнц на која, додека нуркала со татко ѝ, налетал глисер со кој управувал 25-годишник од Задар.

Хрватските медиуми пишуваат дека е покрената нова претрага откако таткото Дитер Хајнц рекол дека за време на спасувањето на ќерката го фрлил нуркачкото одело тешко 2 килограми. Наводно, станува збор за црн појас со оловен тег кој завршил на морското дно и чија локација може да биде клучен доказ во истрагата.

Хајнц тврди дека тој и неговата ќерка нуркале на локацијата најмалку 80, а најмногу 150 метри од крајбрежјето. Тоа се разликува од соопштенијата на МВР според кои несреќата се случила на 300 метри од крајбрежјето.

Тој детаљ е клучен,затоа што според правилата, не смее да се вози на оддалеченост помала од 300 метри од крајбрежјето, пренесува Јутарњи.хр

Австриецот кој исто така го поткачил глисерот, вели дека при ударот му била отргната перајата во зелена боја додека од нозете на неговата ќерка излетале двете пераи во бела боја.

Пераите можно е да отплутале, но два килограми тешкиот појас мора да биде на морското дно, одредувајќи ја локацијата на несреќата.

 

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вмро Дпмне веднаш го разреши претседателот на месниот комитет во Охридско, откако истит бил фатен од страна на полициските службеници како конзумира дрога.

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од...

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...