18.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаМорале да му ја ампутираат ногата поради мала исекотина на стапалото: Отишол...

Морале да му ја ампутираат ногата поради мала исекотина на стапалото: Отишол да плива, а потоа започнала ноќната мора!

Брус Каган (68), се здобил со исекотини на десното стапало, кога во јуни отишол на пливање на плажа во Конектикат.

Неколку денови подоцна почнал да се чувствува лошо, па отишол во болница. Докторите му рекле дека добил некротизирачки фасцитис – често смртоносна бактерија која го јаде човековото ткиво. После неколку недели обидување да се запре бактеријата, докторите морале да му ја ампунтираат ногата до над коленото, за да му го спасат животот. Тоа се случило на 1-ви август.

„Тоа беше само мала исекотина, ништо повеќе, а потоа мојот живот во целост се промени“, вели Каган.

Оваа бактерија некогаш била честа во топлите води во јужниот дел на САД. Но, како што се менува климата, овие бактерии сè повеќе се наоѓаат во северното поднебје на САД.

Каган, кој сега се опоравува во центарот за рехабилитација, вели дека е среќен што е жив.

„Сe’ што можам да кажам е дека сум еден од најсреќните луѓе на светот. Не знам како преживеав, но преживеав. Ми останаа уште 20-25 години живот и планирам да ги искористам на најубав можен начин“, вели Брус Каган

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...