16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветОд палата во Британија украдена златна тоалетна школка, вредна околу 5 милиони...

Од палата во Британија украдена златна тоалетна школка, вредна околу 5 милиони долари

18 каратна златна тоалетна школка била украдена во текот на ноќта од палатата Бленхајм каде е роден Винстон Черчил, јави Би-би-си.

Провалниците во раните утрински часови, околу 4:50 часот, провалиле во палатата и го украле ова уметничко дело, соопшти полицијата.

Златната тоалетна школка наречена „Америка“ не е пронајдена, но во врска со случајот е уапсен 66-годишен маж.

Школката е дел од изложбата на италијанскиот концептуален уметник Маурицио Кателано која била отворена во четвртокот.

Поради кражбата дошло до „значителна штета и поплава“ бидејќи школката била вградена во подот и цевките. Била целосно функционална и уметникот ги поканил посетителите да ја користат.

Уметникот ја проценува вредноста на „Америка“ на повеќе од 5 милиони долари, пренесе Си-ен-ен.

Палатата од која е украдена златната школка се наоѓа на списокот на светско наследство и е родно место на Винстон Черчил. Додека истрагата е во тек затворена е за посетители.

Во палатата Бленхајм, тоалетот бил инсталиран покрај собата во која е роден Черчил. Во каталогот на изложбата стои дека делото може да се види како коментар на социјалните политички и економски различности во Соединетите Американски Држави.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...