15.4 C
Ohrid
среда, октомври 9, 2024
ПочетнаМакедонијаЌе бара ли Бугарија сега и бришење на документите на АСНОМ?

Ќе бара ли Бугарија сега и бришење на документите на АСНОМ?

Со Преспанскиот договор Грција успеа со амандманот 34 во Преамбулата на македонскиот Устав да се заменат „Одлуките на АСНОМ“ со „Прогласот на АСНОМ“. Пригласот не е правен акт, туку само известување за одржано заседание на АСНОМ. Ова е класична капитулација на македонскиот народ, коментираа тогаш македонските историчари. Бугарските историчари и политичари денес бараат од спомениците во Македонија да се брише „бугарскиот фашистички окупатор“. Следува ли ново „бришење“ на одлуките на Првото заседание АСНОМ.

Во однос на актуелните македонски-бугарски односи и иницијативи, пренесуваме дел од документите на АСНОМ објавени во првиот број на Службениот весник на федералната единица Македонија во Демократска и федеративна Југославија на кој пишува „Смрт на фашизмот и слобода на народот“.

Германска и бугарска војска во Охрид во 1941

„Пред победоносниот поход на геројската Црвена армија, отпадна од крвавиот Хителров сојуз и фашистичка Бугарија – таја гнасна слугинка на империјалистичка Германија која повеќе од три години го поробуваше и грабеше македонскиот народ. Јуначката тригодишна борба, која македонскиот народ , заедно со братскиот српски народ, ја водеше против бугарските фашистички хорди, што јурнале во македонската и српската земја да колат и грабат за сметка на берлинските банкари и барони, заврши со голем успех. Разјадена од силните удари на нашата Народно-ослободителна војска на Југославија, бугарската заевателна клика, на чело со Кирил Филов и Михов, не можеше да се одржи пред општенародниот борбен вал на братскиот бугарски народ, кој одлучно ја зеде судбината на Бугарија во свои раци.

Фашистичка, империјалистичка Бугарија згина од Балканот за секојпат!

Нашата славна Народно-ослободителна војска на Македонија веќе ослободи голем дел од нашата татковина! Со тешки борби и смели дејствија она ги избрка бугарските фашистички окупатпри од Македонија!… По родната ни земја не гази повеќе бугарската окупаторска чизма…. Бугарската војска во Македонија загубила секаков морал поради дофчерашната окупаторска, плјачкашка служба, која ја вршеше за есап на Германците, раководена комај си од фашистички офицери, до крај ја одигра својата предателска улога, против македонскиот народ. Петата бугарска армија, која се навоѓаше во Македонија, не застана да се бори заедно со нас против Германците, ами направи споразум со нив и им го предаде оружието и власта во некои македонски градови. Благодарејќи на това, Хитлеровите банди сѐ оште седат во нашето Скопје. Они, со помош на професионалниот терорист Ванчо Михајлов, воражуват качашки албански банди за борба против нашата Народно-ослободителна војска на Македонија, сакајќи без пречка да се провлечат низ Македонија и се измакнат од Балканот, од клештите во кои ги стега мошната Црвена армија, англоамериканските војски и нашата Народно-ослободителна војска на Југославија…

…Фашиските окупатори и нивните слуги се пред пропаст, ама ги превземат сите мерки како би го одложиле своето пропаѓање. Они изнајдуват нови трикови, како би го задржали македонскиот народ мирно да го поднесува фашискиот јарем. Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ, готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар.

Од друта страна, това исто се готтви и од најголемиот издајшки слуга  на Хитлера Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство

Co подлиот напад на германо-фашиските империјалисти во 1941 година Југославија бидува прегазена, а Македонија, за четврти пат во 30 години, поделена меѓу фашиските јатаци на Хитлера.

Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ…

Целото македонско стопанство беше подложено на најбесрамен грабеж за сметка на фашиската Германија. Бугарските фашиски измеќари се преобрнаја во еајверни кучина на Хитлера…

…Дури на една страна се трубеше неуморно старата поробувачка песма оти македонски народ немало, оти ние сме биле асли Бугари, иа друга страна се полнеа зандаиите со чеоните синови на Македонија, а во полицејските участаци со инквизиторски методи се мачеа народните борци… Крвожедниот фашиски окупатор трша кон физичко ис-требуване на македонскиот народ. Модерните Хуни ги надминаја во крволочноста најсуровите турски катили…“.

Ова се дел од документите на АСНОМ. Пред неколку дека бугарскиот Парламент усвои Декларација за условена поддршка на Македонија за датум за преговори за членство во ЕУ. Преспанскиот договор, сега и Бугарија бара промена на таблите на спомениците на историските личности и тоа веднаш за оние за кои постои договор.

„Отстранување на квалификацијата ‘бугарскиот фашистички окупатор’ од спомениците и промена на информативните табли и другите ознаки вклучувајќи ги и оние исторски споменици на културата за кои до сега е постигнат договор од страна на комисијата“, пишува во документот усвоен во бугарскиот Парламент.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пекара Жито Леб-Охрид: Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување на Бојана

Донираме ние, донирај и ти за Бојана! Целиот наш промет од сите наши пекари во Охрид во среда на 09.10.2024, го донираме за лекување...

Охриѓанката Миа Танеска повторно се закити со злато, Христијан Шибакоски !!!!!

Викендов на 5-ти октомври(сабота), се одржа возбудлив Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години во Плевен соседна Бугарија, на кој учествуваа околу 180...

Благодарение на Конти, стотици кавадарчани и кавадарчанки ставија порцелански заби

Само од Кавадарци имало околу 8.000 лица кои биле вклучени во пирамидалната шема Конти, која е актуелна тема во земјава, откако од пред околу...

Боки 13 најавува филм РЕКЕТ: Верувајте дека ќе занеме целиот свет!

Бојан Јовановски- Боки 13, најавува филм под наслов Рекет, како случајот поради кој заврши зад решетки. -Почитувани, со оваа фотографија го најавувам документарно-играниот филм “РЕКЕТ” Верувајте...