8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПронајдена вибер порака во мобилниот телефон на Боки 13 - осомничената напишала...

Пронајдена вибер порака во мобилниот телефон на Боки 13 – осомничената напишала заокружени бројки, 3.000, 5.000, 10.000!

spot_imgspot_img

Обвинителството за организиран криминал и корупција за истрагата „Рекет“ има во раце вибер пораки испратени од една од осомничените за измамите од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски- Боки 13, со суми: 3.000, 5.000, 10.000 и други суми со заокружени бројки..

Обвинителството, како што дознава “сакамдакажам.мк“, претпоставува дека се работи за суми од илјади евра и ќе истражува со која цел осомничената ги напишала и му ги испратила токму на првоосомничениот Боки 13.

Дека вештачењето на мобилниот телефон на Боки 13 е ризница од готови податоци што ѝ требаат на истрагата, покажа и случајот со поранешната Специјална обвинителка Катица Јанева во првиот дел од истрагата, кој веќе резултираше со обвинение. Токму со вештачењето на овој телефон, била откриена сумата од 50.000 евра која Јанева ја зела од милионот и половина евра што ги зел Јовановски од Орце Камчев, за да му ја олесни положбата во истрагата „Империја“, кај што е првоосомничен за перење пари.

За истата осомничена, како што дознаваме од истрагата, има тврдење од оштетен бизнисмен кој му дал неколку стотини илјади евра на Меѓународниот сојуз, дека никогаш не би му дал баш на Боки 13 пари, ако таа не била присутна и не седела до него буквално на сите средби и убедувања да ги инвестира таму своите пари.

Според информациите од Обвинителството, вториот дел од истрагата нема да заврши следниве недели. Наредните денови ќе се истражуваат наодите на Управата за јавни приходи, која минатава недела најави три кривични пријави за затајување данок од фирмите поврзани со првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски. УЈП открила затајување данок во БМЈ груп, Меѓународен сојуз и Томато продукција, а контрола извршила и во 1ТВ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...