9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаТолку силно ме истепа таткото на Боки 13 што три години немав...

Толку силно ме истепа таткото на Боки 13 што три години немав ниту погреб ни крштевка ни венчавка фатено.

spot_imgspot_img

Свештеникот Виктор Стојчев најави дека ќе бара отштета од Миле Јовановски, таткото на Боки 13, кој денес беше осуден на шест месеци затвор поради физички напад врз свештеникот.

За ,,Фокус” тој појаснува дека се решил да бара отштета од Јовановски во граѓанска постапка, бидејќи цели три години, по нападот, луѓето биле убедени дека тој е тепачот, па не му доаѓале во црквата ниту за венчавки, ниту за крштевки.

–За отштетата, верувам дека има стручни лица кои ќе пресметаат и земат во предвид дека свештеничката работа зависи од угледот и честа. Во последните три години немав ниту една крштевка или венчавка, црквата ми беше празна, бидејќи по нападот до ден денешен јас бев тепачот. Па така, за македонски услови таа отштета би била далеку пониска од вообичаената пракса. Но, најважно од се е што злосторниците го признаа злосторот, а никаква материјална отштета не може да ми го врати угледот и здравјето – вели Стојчев, кој не прецизираше колкава би била сумата која што ќе ја бара од Јовановски.
Стојчев вели дека доколку добие отштета, планира да ја донира, односно ќе била во насока на човекољубие. Тој додава дека како човек и како свештено лице, веќе му простил на семејството Јовановски.

Настанот поради кој Миле заработи шест месеци затвор се случил во јануари 2017 година, поради расправија, односно тепачка за паркинг пред нивните домови. Тогаш Стојчев бил удиран со тупаници и со нозе од страна на Јовановски, а се здобил и со скршеница на клучниот зглоб на левата нога.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...