1.9 C
Ohrid
вторник, март 18, 2025
ПочетнаСветАфрикански крал на сите 15 сопруги им купил по еден „РОЛС РОЈС“.

Африкански крал на сите 15 сопруги им купил по еден „РОЛС РОЈС“.

spot_img

Мсвати Трети, кралот на една од најсиромашните држави во светот, Сватини, Африка, купи по еден нов „ролс ројс“ автомобил за своите 15 сопруги. Членовите на поширокото семејство и соработниците на кралот ќе добијат по едно „бе-ем-ве“. Ова е изненадување, бидејќи, иако кралот на земјата е еден од најбогатите владетели во светот, 63% од населението во земјата е сиромашно, а повеќе од половината се заразени со ХИВ. Единственото нешто што се смени во последните децении е името на државата, кое кралот го преименува од Свазиленд во Кралство еСватини. Тој го стори тоа минатата година на неговиот 50. роденден, наводно за да ја одбележи 50-годишнината од „независноста“.

<

Инаку, Мсвати Трети е еден од најбогатите монарси на светот со богатство проценето на над 200 милиони долари. Лани, на пример, тој си купи авион од 13,2 милиони американски долари, а има и околу дваесет „мерцедеси“ С-класа, лимузини „ролс-ројс“ и неколку „бе-ем-ве“ Х6.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, меѓу жртвите во Кочани

Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во кочани загина и младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче. Моника е, за жал, една...

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата.

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беше испратен уште...

За неколку часа над 120 Бугари даруваа крв во болницата Пирогов за настраданите од трагедијата во Кочани

Само во првите два часа повеќе од 120 луѓе дарувале крв за настраданите во трагедијата во градот Кочани, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. До крајот на...

Се бара слобода за обезбедувачите на дискотеката во Кочани, осомничени оти пуштиле малолетници

Група кочанчани, меѓу кои и лица кои се спасиле, а биле во дискотеката која одзеде 59 животи, бараат слобода за обезбедувачите. Тие и вчера...