9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина мечето Ушко, кое беше пронајдено во тетовските шуми.

Почина мечето Ушко, кое беше пронајдено во тетовските шуми.

spot_imgspot_img

Мечето кое во 2015 година беше пронајдено во близина на Тетово, повредно на задните нозе и згрижено во соседна Грција, почина поради проблеми со бубрезите. Од грчката невладина организација за заштита на дивиот свет и животната средина „Арктурос“ велат дека „Ушко, борецот за живот, не живее повеќе“, јави дописничката на МИА од Атина.

СО ГОЛЕМА ЖАЛ СООПШТУВАМЕ ДЕКА УШКО, БОРЕЦОТ ЗА ЖИВОТ КОЈ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРВАТА МЕЧКА ВО СВЕТОТ ШТО СЕ ДВИЖИ СО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА, НЕ ЖИВЕЕ ПОВЕЌЕ. УШКО БЕШЕ МЕЧКА ПРИМЕР ЗА СИТЕ И СИМБОЛ НА ВОЛЈАТА. ИНВАЛИДИТЕТОТ НА ЗАДНИТЕ НОЗЕ НЕ ПРЕТСТАВУВАШЕ ПРЕЧКА, НИТУ ЈА ОГРАНИЧИ НЕГОВАТА ЖЕЛБА ЗА ЖИВОТ И ИГРА, ПИШУВААТ ОД „АРКТУРОС“ КОИ ГО ЗГРИЖИЈА МАЛОТО КАФЕНО МЕЧЕ ПРОНАЈДЕНО КАЈ НАС.

Тие велат дека Ушко бил пример за сите нив, бидејќи во краткиот животен век ги научил колку е важно „да се бориш и да не се откажуваш, дури и кога сè околу тебе изгледа тешко и невозможно“.

Откако беше пронајдено повредено малото кафено мече на околу тримесечна возраст, во јули 2015 на иницијатива и по барање на одговорните на Македонското еколошко друштво, Ушко беше префрлен во Грција, а грижата за него ја презеде „Арктурос“.

Првите испитувања, тогаш, беа направени на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Солун и му беше дијагностицирана скршеница на ‘рбетот. Повредата беше толку голема што не можеше да се направи интервенција ниту во Грција, ниту во странство, па така, единственото решение беше употреба на специјално направено помошно средство на две тркала во вид на инвалидска количка за Ушко да може да се движи, а со тоа стана и првата мечка во светот со инвалидска количка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...