8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонци заработуваат месечни плати само од гледање реклами пред компјутер

Македонци заработуваат месечни плати само од гледање реклами пред компјутер

spot_imgspot_img

„Бухбери“, „Необух“ и „Југетпрофит“ се имињата на неколку од веб-страните преку кои може онлајн да се заработува.

Ваквите сајтови дејствуваат како посредници меѓу фирмите кои се рекламираат и нивните таргет групи. Фирмата и плаќа на веб страницата за да се рекламира, а дел од таа исплата потоа оди за оној кој ја гледа рекламата.

Работата е флексибилна и лесна и може секој да ја работи. Вашата задача е само да ги отворате рекламите кои ги сервисира вашата веб – страница, велат македонските корисници кои на овој начин заработуваат.

Најчесто се заработува по помалку од еден цент за еден клик, а колку повеќе кликови имате толку поголема ќе биде и заработувачката, велат тие.

Заработувачката на интернет во светот е широко распространета. Македонците се запознаени со начините на кои онлајн може да заработат, но не го практикуваат таквиот начин на заработка.

Луѓето што сакаат онлајн да заработуваат, треба да внимаваат на кои веб-страни се регистрираат и да го проверат рејтингот на истата, бидејќи често пати се случува да не бидат исплатени. Дел од оние кои веќе подолго време заработуваат на интернет тврдат дека дневно може да се заработи и по 25 долари дневно.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...