14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаАтиџе Муратова ги советуваше децата од Лозово: За да бидете здрави, секое...

Атиџе Муратова ги советуваше децата од Лозово: За да бидете здрави, секое утро треба….

Во рамките на Еразмус плус програмата хероината на „Медена земја“ Атиџе Муратова денеска во холот на ООУ „Методија Митевски – Брицо“ во Лозово се сретна и другаруваше со децата од ова училиште и нивните гости од Португалија, Бугарија и Грција. Средбата беше во рамките на проектот „Играј и учи за младоста“ , финансиски поддржан од Европската комисија за образование, а кој е посветен на учење на децата на веќе подзаборавените детски игри од училишните дворови и улиците.

Додека се емитуваа делови од нејзиниот документарен филм, Атиџе им раскажуваше на децата за своето детство, а евоцираше спомени за своите детски игри и куклите од дрво и волна и партали, кои самата ги изработувала. Атиџе им упати силни пораки на децата да се дружат преку игрите.

Таа им порача за да бидат здрави секое утро да јадат по едно лажиче мед со лимон, но и да се дружат со пчелите, бидејќи тие го одржуваат светот и им рече секогаш кога се во друштво и со секого сè да делат пола пола.

Атиџе потенцира дека многу ги сака сите децата и, како што вели, ако му посветиш барем малку внимание на некое дете, тоа ќе биде со тебе.

На родителите им упати силна порака да не трчаат само по работа туку да наоѓаат повеќе време за своите деца и да ги учат децата на вистинските вредности.

-Родителите се тие кои ги изведуваат децата на прав пат и кои треба да ги оттргнат од лошите патишта.Но и децата треба да ги почитуваат родителите па и да се грижат за нив кога ќе остарат, порача Атиџе.

Децата веќе ја знаеја Атиџе од телевизија, а некои од нив веќе го гледале и филмот „Медена земја, а и сакаат да им раскажува за пчелите и за нејзините игри од детството. На крајот од оваа средба за која децата ни изјавија дека ќе ја паметат цел живот, сите среќни заедно се фотографираа.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...