17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаЕве кој е новиот симптом на заразата со коронавирус

Еве кој е новиот симптом на заразата со коронавирус

Познато е дека симптоми на ковид-19 се температура, кашлица и губење здив. Но, оториноларинголозите сега предупредуваат на уште еден симптом, за кој се претпоставува дека е поврзан со истата болест, а тоа е аносмија или губење на чувството за мирис, пренесуваат светските медиуми.

Аносмија е изненадно губење на мирисот, но без затнување на носот, понекогаш проследено со губење на вкусот (агеузија).

Неколку илјади луѓе заболени со коронавирус пријавиле аносмија како еден од симптомите, рекол вториот човек на француското Министерство за здравство, Џером Саломон.

Заразениот француски кошаркар Руди Гобер, кој игра за Јута џез во НБА-лигата, рекол дека го изгубил чувството за вкус и мирис.

Во случај на појава на аносмија треба веднаш да се повика лекар и да се избегнува самолекување, предупредува Саломон.

Но, симптомот е многу редок и најчесто се јавува кај младите пациенти со блага клиничка слика на вирусот. Француското друштво на оториноларинголози сепак повикува да се обрне внимание на тоа.

Постои очигледна врска меѓу аносмија и вирусот, тврди Жан-Мишел Клеин, претседател на националниот сојуз на оториноларинголози.

– Нема сите со ковид-19 да развијат аносмија, но сите изолирани аносмичари, без локално воспаление, биле позитивни на коронавирусот. Луѓето кои имаат аносмија мора да се изолираат – нагласува Клеин.

Класичната терапија за аносмија, со кортикостероиди, овде не смее да се користи бидејќи ќе го намали имунолошкиот одговор на организмот на вирусот, додава тој.

До сличен заклучок, со поврзување на аносмија и ковид-19, дошле и германски и американски експерти.

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...