8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОхриѓани во страв: Денес се регистрирани 5 новозаболени, а во послениве 24...

Охриѓани во страв: Денес се регистрирани 5 новозаболени, а во послениве 24 часа над 300 возила влегле и од други градови.

spot_imgspot_img

Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, денееска донесе повеќе заклучоци.

Од утре пред сите поголеми маркети на територијата на Општина Охрид од страна на Кризниот штаб ќе бидат поставени редари кои ќе имаат за задача да спроведуваат ред и ограничување на бројот на лица кои влегуваат во маркетите, во согласност со препораките за превенција од Ковид 19.

Најголемиот производител на леб и бели печива во Охридскиот регион “Жито Леб” ќе се приклучи во хуманитарната акција за доставување на основни прехранбени намирници до најзагрозените семејства, која беше иницирана од Кризниот штаб на Општина Охрид.

Започнувајќи од утре, секој работен ден во попладневните часови, Мобилните тимови на Општина Охрид и Охридскиот Црвен крст ќе подигнуваат прехранбени пакети од “Жито Леб” и ќе ги доставуваат до најзагрозените и социјално ранливи семејства, по утврден список на Црвен Крст.

Беше заклучено дека се потврдија очекувањата, поради која Кризниот штаб на Општина Охрид, побара од Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот, непосредно пред велигденските празници.

Според евиденцијата на членовите на Кризниот штаб, во текот на изминатите 24 часа, на територијата на Општина Охрид е регистриран влез на повеќе од 300 моторни возила со регистарски таблички од други општини. Од оваа бројка се исклучуваат возилата кои се од соседните општини на Општина Охрид.

Врз основа на оваа состојба и очекувањата дека во текот на следните два дена, оваа бројка ќе биде значително поголема, се упатува АПЕЛ до сите граѓани кои туристички престојуваат во викенд становите и куќите на територија на градот Охрид и крајбрежните населени места, да се придржуваат до сите препораки за превенција и заштита од Корона вирусот Ковид-19. Се апелира особено да се почитува Полицискиот час, забраната за групни собири и прослави, препораката за држење на соодветно растојание на јавен простор, соодветно депонирање на отпадот и носење на соодветна заштитна опрема.

Да бидеме совесни и одговорни! Да го зачуваме сопственото и јавното здравје. #ОхридСедиТдома.

Извор: Фејсбук страница на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...