9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСтигна и помошта од Америка: Неколку палети со маски и скафандери за...

Стигна и помошта од Америка: Неколку палети со маски и скафандери за Северна Македонија

spot_imgspot_img

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на национален координатор за распределба на странска помош во земјава и Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска, во присуство на Амбасадорката на САД во земјава, Кеј Мари Брнз ја примија донацијата од САД за нашата земја, која се состои од заштитна медицинска опрема за борба против КОВИД 19.

“Еве нè денес на лице место каде се предава дел од онаа поголема најавена поддршка од над еден милион долари. Се работи за различна заштитна облека – маски, одела итн., кои се наменети за лекарите, за епидемиолозите и останатите здравствени работници. Оваа опрема им се става на располагање на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, на кои секако им е најпотребна, имајќи предвид дека опремата ќе ја користат медицинските лица кои се првата одбрана на земјата од епидемијата”- истакна Османи, при што изрази благодарност до САД и до амбасадорката Кејт Брнс, за оваа помош и поддршка во борбата против КОВИД19, со која на дело ја демонстрираат солидарност и пријателството со Република Северна Македонија.

” Како главен координатор на странската помош, сигурен сум дека оваа соработка со амбасадата, со амбасадорката, но и со УСАИД, и другите агенции и претставништва на американската држава, ќе продолжи и понатаму, со што ќе се реализира целата најавена поддршка, а што ќе значи успешна одбрана од оваа закана – КОВИД19″- додаде Османи

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче упати благодарност до американската амбасадорка Кејт Мери Брнс за донацијата од страна на Соединетите Американски Држави, која во овие моменти е неопходна со справувањето со коронавирусот во земјава. Во оваа прилика тој истакна дека оваа донација од заштитна опрема за здравствените работници ќе им помогне во заштита на нивното здравје во време при извршувањето на работните обврски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...