9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерството за здравство не му поверува на Димитриевски па денес беше повторно...

Министерството за здравство не му поверува на Димитриевски па денес беше повторно тестиран, но и овој тест е негативен.

spot_imgspot_img

Центарот за јавно здравје Куманово уште еднаш извршил тестирање на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и неговиот тест бил негативен, односно покажал дека нема присуство на новиот корона вирус.

Информацијата за Фокус ја потврди и Димитриевски кој вели дека сите PCR тестови кои му биле досега направени и од страна на државниот институт и од страна на приватните лаборатории, освен тестот на 12 април, биле негативни. Тестот којшто беше позитивен ги стави во изолација и техничкиот премиер, Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче, откако еден ден, пред да објави дека е позитивен, беа на средба со Димитриевски во Куманово.

Сепак министерот Филипче на денешниот прес не прецизираше дали кумановскиот градоначалник може да се врати на работните обврски, туку порача да се следат советите и решенијата од здравствениот инспекторат и на епидемиолозите.

-Има издадено таму решенија од Државниот здравствен инспекторат, епидемиолози и сите тие решенија треба да се почитуваат. Има медицинска причина зошто се издадени во даден момент и зошто треба да траат толку колку што е пропишано, рече Филипче.

фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...