14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаДенес немаше смртен случај поврзан со Ковид-19

Денес немаше смртен случај поврзан со Ковид-19

spot_imgspot_img

Убавото пролетно време ги извади граѓаните од своите домови. Парковите и туристичките локации беа преполни со луѓе. Некои пешачеа, други се разладуваа со сладолед и пијалоци, но сите го користеа периодот да престојуваат во природа до 19 часот. Повеќето граѓани кои ги анкетиравме сметаат дека треба да се дозволи уште неколку часа да се движат надвор или да се укине полицискиот час, но согласни се дека мерките мора да се почитуваат.

-Сметам дека полицискиот час треба да почне од 21,ама мерките мора да се почитуваат како што е носењето маски и држење растојание, велат повеќето граѓани во анкетата на Сител.

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучува за полицискиот час, дали ќе остане од 19 до 5 наутро наредниот ден или пак ќе се скрати. На состанокот ќе дискутираат и за олабавување на мерките откако вчера не препорачаа тоа да се случи од понеделник поради зголемениот број односно 36 заразени за 24 часа. Последното деноноќие статистиката бележи 20 нови случаи од направени 275 тестирања, најмногу се од Скопје. Нема смртен случај. Досега во Македонија со Ковид -19 дијагностицирани се 1642-ца заболени, 1136 оздравени, а 91 починана од компликации од вирусот. Во моментот во земјава има 415 активни случаи, од нив 7 се во критична состојба и приклучени се на респиратори.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...