12.6 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЧибишев: На рекетарите од СЈО им дадоа поголеми бонуси од здравствените работници

Чибишев: На рекетарите од СЈО им дадоа поголеми бонуси од здравствените работници

spot_imgspot_img

Со економските мерки на техничката Влада дел од здравствените работници ќе земат по 20 % повисоки плати во наредните два месеци. Тоа е во просек изнесува од 200 до 400 евра повеќе за два месеци, реагира др. Андон Чибишев.

Како не ви срам бре непрокопсани на ваков начин да се обидувате да ги навредувате здравствените работници кои во овие два месеци здравствена криза дома не си отишле, фамилиите не си ги виделе, главата во торба ја носат.

Толку ли вреди достоинството и честа, па и животот на еден здравствен работник ?

Нема да зборувам како ги наградија здравствените работници државите од опкружувањето, само ќе споменам дека рекетарите од СЈО на име бонуси за сложеност на работата која ја работата земаа илјадници евра, други среќници од Фондот за иновации земаа стотици илјади евра за проекти кои никој не ги видел, Владата троши илјадници евра за вина, виски, апетисани, бифтеци……

Имате ли малку чувства и почит ? Жално непрокопсани, многу жално.

Господ да ги чува сите мои колеги, колешки и соработници. Со ниедни пари не можете да го купите нашето достоинство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...