18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија е далеку од градење на колективен имунитет од корона, единствен спас...

Македонија е далеку од градење на колективен имунитет од корона, единствен спас е вакцината.

spot_imgspot_img

Македонија исто како и светот е далеку од создавање колективен имунитет на коронавирусот. Ако според истражувањата на развиените држави процентот на антитела се движи до 8 проценти, кај нас скринингот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика покажа дека од 4000 испитаници само 4 отсто биле позитивни.

-Што сме далеку од колективен имунитет, кој што се базира на антитела, не можеме во моментот да процениме колкав е делот на оние кои со клеточен имунитет одговараат на овој вирус. Претпоставката е дека е пола-пола и очекувањата за создавање на колективен имунитет не се многу реални и остануваат насочувањата кон создавање на вакцина и терапии кои ќе бидат ефикасни, изјави за Сител проф. д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за умунобиологија и хумана генетика.

Според професорот Петличковски немањето антитела не мора да значи дека организмот нема одбранбен механизам ако претходно имал контакт со вирусот, поефикасно при повторна изложеност ќе се справат оние кои создале клеточен имунитет. Токму ова е фокусот на научниците последниот период.

-Првично научниците беа насочени кон детектирање на антитела за да се процени изложеноста на инфекцијата на популацијатаи евентуално заостанат имунитет за заштита од следна инфекција. Последните неколку недели истражувањата за клеточниот имунитет се се поинтензивни односно клетки кои не создаваат антитела и може да го убијат вирусот, но нема да остават траги, додаде професорот Петличковски.

Инаку според податоците од Институтот за трансфузиона медицина досега крвна плазма дарувале 36 оздравени пациенти од Ковид-19. Толку од над 100 тестирани имале доволно антитела и ги исполнувале условите, а интерес за дарување пројавиле повеќе од 300 граѓани.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...