14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСолза Грчева - Народот без око да му трепне си ги избра...

Солза Грчева – Народот без око да му трепне си ги избра истите криминалци-Секој народ си ја заслужува својата влкада

spot_imgspot_img

„Народов без око да му трепне си ги избира истите криминалци и веднаш се лепи и за нови кои се појавуваат. Последниве ќе му правеле космодроми и ќе му го продавале МЕПСО и Македонски пошти. Се против што ние се бориме.

Нека ви е со среќа Северна, тоа сте го сакале цело време. Дадовте гласови на оние кои никогаш не беа со вас и на оние кои ве продадоа топтан.

Нека ви е со среќа тонењето и енормниот криминал.

Никако да препознаете здрави концепти за излез од ова бесконечно пропаѓање. Со неодговорноста, себичноста ја запечатувате судбината на генерации.

Ние остануваме посветени на декриминализацијата, таа рак рана на нашево општество. Од криминал и името ви го продадоа, од криминал народот е сиромашен, од криминал децата ни се по светот, од криминал со трошки ги купуваат луѓето и за гласање.

За украдените гласови токму од Глас и нивна поделба на големите, нема што да зборувам кога со децении криминалци не водат во провалија.

Уште еднаш, нека ви е со среќа!!! Секој народ си ја заслужува сопствената влада“, вели Грчева.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...