14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски утре на пладне ќе му го врачи мандатот за состав на...

Пендаровски утре на пладне ќе му го врачи мандатот за состав на новата Влада на Зоран Заев

spot_imgspot_img

Лидерот на СДСМ Зоран Заев станува мандатар за составување на влада. Претседателот Стево Пендаровски најави дека утре на пладне ќе му го довери мандатот на претседателот на СДСМ.

„Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата“, информираат од кај Пендаровски.

Ваквото известување не наговестува дали Заев зад себе ја има поддршката од минимум 61 пратеник. Имено, колицијата „Можеме“ има освено 46 пратенички мандати, Заев потврди и соработка со едниот пратеник на ДПА, но се уште недостасуваат уште 14 народни избраници.

Заев изминативе денови имаше интензивни разговори со Ахмети, но од СДСМ не потврдуваат дали имаат владин договор со ДУИ,или пак, обезбедена е поддршка од други пратеници.

Од ДУИ велат договор со СДСМ нема, преговорите продолжуваат, а потегот на Пендаровски да го додели мандатот засега за нив не е пречка дури ни за за барањето на ДУИ за премиер Албанец. Од ДУИ не сакаат да коментираат ни за идејата ротирачки премиер во формат 3+1 година во корист на СДСМ.

Пред одлуката за доделување на мандатот, Пендаровски влезе во правни толкувања со претседавачот и поранешен собраниски спикер Талат Џафери дали воопшто тече рокот за доделување на премиерскиот мандат имајќи пред вид дека конститутивната седница не е завршена. Џафери тврди дека доделувањето на мандатот би било неуставно бидејки не е избран претседател на Собранието. Пендаровски пак, рече дека се консултирал со експерти и дека рокот тече бидејки се верифицирани мандатите на пратениците, а и претходно ова било пракса.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...