-2.9 C
Ohrid
среда, март 19, 2025
ПочетнаМакедонијаКараџоски: И до година ќе бидете млади не мора секоја вечер...

Караџоски: И до година ќе бидете млади не мора секоја вечер да акате по клубови.

spot_img

Вирусот е тука, бројот на смртни случаи е намален, но тој е тука, вели шефот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски во изјава за „360 степени“.

<

Караџоски особено ги критикува собирите и јавните настани на кои се прекршуваат мерките за заштита.

-Колку свадби се имаат направено во тајност? Колку венчавки, матурски, родендени? Ова нека е поука за младите – вирусот не ги напаѓа само старите лица, тие лица ги носи на респиратор, меѓутоа младите исто така заболуваат со тешка симптоматологија, имавме немили сцени од деца и млади луѓе што починаа од 22 до 40 години, вели тој.

Караџовски потенцира дека за здравствениот систем да го издржи ударот, особено во есенските и зимските месеци кога се очекува зголемен број на респираторни заболувања, секој поединец мора да се однесува одговорно.

-Затоа, не лудувајте по свадби, родендени, крштевки и журки. Оставете годинава нека помине, нека се стабилизира состојбата. И до година ќе бидете млади. Внимавајте на своето здравје и не дозволувајте вирусот да влезе во вашата фамилија. Немојте да бидете себични и да размислувате само за вас, порачува Караџовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Граѓаните на Нови Сад ќе донираат 10 милиони динари (над 80.000 евра) за помош на семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани

Граѓаните на Нови Сад ќе донираат 10 милиони динари (колу 5 милиони денари) за помош на семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во...

Татко-полицаец од „Пулс“ го извади починатиот син, колегите му го земаа пиштолот да не направи нешто лошо

Во Кочани ништо повеќе нема да биде исто по страшната трагедија кога во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 млади луѓе, а градот остана во целосен...

МВР воведе активна забрана за летање на дронови во Кочани и Штип

Соопштение Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е...

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 14 осомничени лица

Притвор од 48 часа за екс министерот Крешник Бектеши и за поранешните директори на Државниот пазарен инспекторат и на Дирекцијата за заштита и...