17.9 C
Ohrid
вторник, април 29, 2025
ПочетнаМакедонијаКога е во прашање судивка се се може: Полициjaта експресно го пронајде...

Кога е во прашање судивка се се може: Полициjaта експресно го пронајде и кaзни возачот кој ќе ја „пpeгазел“ уставната судијка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И додека македонското општество се соочува со досега невидена поделеност кога станува збор за функционирањето на правната држава и правдата, ситуација во која за некого важат законите и Уставот, а за останатите не, судијката во Уставниот суд, Наташа Габер Дамјановска се пофали на социјалните мрежи дека правдата го стигнала возачот кој наводно ќе ја прегазел на пешачки премин.

<

-Голема благодарност и пофалба за професионализмот и ефикасноста на МВР во пронаоѓањето на лицето кое сериозно ја загрозуваше безбедноста во сообраќајот. Ја истакнувам и желбата да се помогне на хумано, а не само на професионално ниво.

Мојот јавен апел како граѓанин на оваа држава, со најдобра намера и за доброто на сите нас, цели кон заложба за јакнење на превенцијата на вакви состојби и кон построга и поефикасна казнена политика во сообраќајот против крајно неодговорното однесување на некои учесници во сообраќајот.

Постојат бројни соодветни искуства во постарите демократии кои можат да се применат и состојбата да се подобри. Можна е и дополнителна законска регулатива која би воспоставила построги рамки за сторителите, посебно кога се во прашање дејствија кои доведуваат до непосредна животна опасност по другите, а актуелно се третираат само како прекршоци. Време е за позитивни промени и воведување ред, со тоа се постигнува и владеење на правото.

Нека ни е честит Денот на осамостојувањето! Да си ја чуваме Државата, напиша таа на Фејсбук.

Да не заборавиме дека казната за несовесниот возач кој ќе ја прегазел судијката доаѓа само некплку дена откако за сообраќајка со две жртви македонското правосудство определи условна казна.

-Драги ФБ пријатели, морам да ви соопштам дека пред еден час ќе бев МРТВА!!!! Најбрутално ќе ме изгазеше возач кој ПРЕТЕКНУВАШЕ други возила со огромна брзина на самиот ПЕШАЧКИ пред молот Рамстор. Возилата доаѓаа од страната на Макпетрол, првите од нив подуспорија пред пешачкиот премин, а овој, спорниот, нестрплив, ги претекнуваше како да се наоѓа на авто трки. Да не изреагирав брзо да избегам ќе беше фатално, за влакно го доптретрчав преминот и се спасив, шинувајќи си ја ногата. Црвено возило, ново, скопска регистрација со бројот четири на регистрацијата и можеби тројка. Толку бев во шок (и сеуште сум) што не успеав да видам добро други карактеристики.
АПЕЛИРАМ НА ВАКВОТО ВОЗЕЊЕ НИЗ ГРАДОТ ДА СЕ СТАВИ КРАЈ! КАКО ГРАЃАНИН БАРАМ НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ. ДА СЕ ПОСТАВАТ КАМЕРИ И БЕЗ ПАРДОН КАЗНИТЕ ДА СЕ ИЗВРШУВААТ! Денес јас преживеав, друг ден, друго лице можеби не. Доста со неизживеани и примитивни. А, да, и да се стави СЕМАФОР таму, кај ДВАТА пешачки премина, бидејќи навистина е небезбедно. Не треба да се случи нешто несакано за да се интервенира. ПРЕВЕНЦИЈА, напиша таа на Фејсбук.

Но останува нејасно како Габер си зима за право да говори за правдата, кога Уставниот суд од кој и самата е дел дозволи ноторно кршење на Уставот изминативе неколку години, замижувајќи пред промената на името двојазичноста и други правни скаламуции и кршења на Уставот на Република Македонија.

Не дека тој што го прекршил законот не треба да одговара, но држава во која законите важат само за „малите“ и оние кои ги повредуваат правата на „големите“ не е демоктратија туку феудално општество.

извор:infomaks

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Големо дерби на клубовите на Македонскиот Илинден и Олимпик во Сиднеј

Екипата Фудбалскиот клуб на Рокдајл Илинден од Сиднеј во Недела на 4 ти Мај ќе биде домаќин на екипата на ФК Сиднеј  Олимпик ....

Синот на херојот Кире Костадиновски, по цели 24 години, стапна на светата земја кај Вејце – местото каде што неговиот татко го даде својот...

По 24 години, Кико го прегрна местото на татковата последна битка Со тешко срце и солзи што не можеа да се задржат, синот на херојот...

Почина проф. д-р Миле Димитровски, доајен на научната мисла на машинството во Македонија

Машинскиот факултет и инженерската заедница во жалост Почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор на Машинскиот факултет во пензија и истакнат доајен на научната мисла...

Казна за братот на градоначалникот на Гази Баба, а за полицискиот службеник кривична пријава !!!

Возел 88 km/h на место во Скопје каде максималната дозволена казна е 50 km/h, но по телефонско јавување од полициски началник, казната била пишана...