14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаУтре ќе бидат предложени новите мерки, после 23 часот нема да работи...

Утре ќе бидат предложени новите мерки, после 23 часот нема да работи ништо, автобусите ќе возат полупразни, исто така ќе има и забрана за групирање?!!

Утре се очекува Комисијата за заразни болести на состанок да го дополни и комплетира сетот на мерки кој ќе биде предложен до Владата.

Според неофицијални информации, за почеток, не се размислува за полициски час во овие мигови, но доколку продолжи разгорувањето на коронавирусот ниту тоа не е исклучено.

Една од мерките ќе биде кафетериите и рестораните да затвараат час или два порано, односно од 23 часот ништо да не работи.

Покрај ова се очекува да биде предложено во јавниот превоз да се користат само 50% од капацитетите.

Овие мерки практично ги најави министерот за здравство Венко Филипче, додека Караџовски од комисијата за заразни болести соопшти дека може да се очекува и по 1000 новозаразени дневно.

Следнава седмица треба во законски решенија на брза лента да поминат и законите за забрана на групирање по домови и на отворени површини и задолжително носење на маска.

Денеска беа регистрирани рекордни 594 новозаразени, што е највисока бројка за еден ден од почетокот на пандемијата. Рекордни бројки на нови случаи на корона има низ цел регион и Европската Унија.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...