15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКафе барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа, најавeна нова...

Кафе барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа, најавeна нова кривична пријава

spot_imgspot_img

Кафе барот „Интермецо“ вчера продолжил да работи, иако имаше 30-дневна забрана за работа. Ова го откри градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на својот Facebook профил и најави кривична пријава по добивањето на записниците.

– По извршените контроли на кафе барот „Интермецо”, вчера вечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена. Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од Кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до 3 години, напиша Богдановиќ.

Тој посочува дека по добивање на записниците, Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат.

Скопското кафуле „Интермецо“ беше затворено по пријавите од граѓани дека се пушта многу гласна музика. На кафе барот му беше изречена забрана за работа во следните 30 дена и глоба од 6.000 евра.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...