15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаЕстрадаБитката со коронавирусот ја загуби и Димитар Димитров- пејач на македонски народни...

Битката со коронавирусот ја загуби и Димитар Димитров- пејач на македонски народни песни во Бугарија.

spot_img

Утрово борбата со короната ја загуби Димитар Димитров Градевецот, еден од најпопуларните пејачи на македонски народни песни во соседна Бугарија. Тој соработуваше со голем број македонски пејачи, групи и композитори, а беше и чест гостин на македонските фолк фестивали. Ја негуваше македонската изворна народна песна, а сними и неколку преобработки од познати македонски новокомпонирани песни. Медиумите во Бугарија пишуваат за него како човек кој преку музиката ги поврзуваше двата соседни народи. Колеги од целиот Балкан се простуваат од него преку социјалните мрежи.

<

Бугарската ТВ Родина која емитува македонска музика, на овој начин се прости од познатиот пејач:

Почина тој, нашиот пријател и колега, еден од најдобрите изведувачи од македонски народни авторски песни – Димитар Димитров Градеветса. Изгубивме еден човек со големо срце! Богослужба ќе се одржи на 5 ноември 2020 годинаод 10:30 до 12:30 часот во Орфеј Хол Парк Македонија – Благоевград,

Ќе живее вечно во нашите срца !ТВ ” Родина”

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...

Државата потрошила 8,5 милиони евра за автомобили, најскапото е на Шуто Оризари од 55.000 евра – истражување на ЦГК

Државните институции набавиле нови патнички возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг за две години (2023 и 2024 година)....