12.6 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПоради алармантната ситуација градоначалникот на Прилеп бара засилени мерки или карантин !!!

Поради алармантната ситуација градоначалникот на Прилеп бара засилени мерки или карантин !!!

spot_imgspot_img

Поради алармантната ситуација во Прилеп со Ковид 19, секојдневниот огромен број на нови случаи на граѓани заболени од корона вирус, но исто така и секојдневниот голем број на починати лица градоначалниикот на Прилеп, Илија
Јованоски телефонски ни истакна дека вечерва од Главниот кризен штаб и од Владата ќе побара воведување на дополнителни рестриктивни мерки за Прилеп. Утринава Јованоски за дел од медиумите изјави дека ќе побара локдаун или
карантин за Прилеп, но потоа рече дека ќе ја почитува секоја одлука на Кризниот штаб, каква и да е таа.

„Ќе побарам од главниот Кризен штаб и од Владата на РС Македонија да има заострување на мерките и воведување на дополнителни рестриктивни мерки кои ќе се однесуваат на целата територија на општина Прилеп.

Дали тоа подразбира локдаун, или карантин за Прилеп?
-Не сакам да преудицирам, затоа што ќе ја разгледаат целокупната ситуација и тие ќе одлучат што треба да направиме и јас тоа ќе го почитувам“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Јованоски смета дека до ваквата драматична ситуација дошло поради непочитување на мерките од страна на дел од граѓаните.
-„Дружењата, групирањата, неносењето на еден процент од граѓаните на заштитни маски, неодговорното однесување на еден процент од граѓаните“,

Токму поради неносењето на маски пред неколку дена актерот во прилепскиот театар Михајло Миленкоски бил претепан пред еден маркет во центарот на градот кога побарал од вработените да не пуштаат во објектот лица без маски. Лицето го слушнало тоа, го чекало Миленкоски пред објектот и го претепал. Иако од тогаш поминале 10 дена Миленкоски вели дека полицијата се уште немала превземено мерки против лицието.

„Во тој момент само што тргнав да бегам, дечкото ме фати за рамо, ме тргна и осетив силна болка во левиот предел. После тоа ништо не се сеќавам, се разбудив во прилепската болница, во хируршко одделение бев сместен.
Имам скршен лев синус, правоаголно со вилицата и носот, имам и потрес на мозокот. Жално е во 21 век да имаме вакви примери на насилници кои што се чувствуваат како ова да е дивиот запад. Мислам дека треба полицијата да
си преземи активности“, изјави актерот Михајло Миленкоски.

Инаку колку е драматична ситуацијата во Прилеп зборува фактот што само вчера од 15 починати на ниво на држава 6 мина беа од Прилеп, а имаше 83 нови случаи.

СИТЕЛ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...