9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Докажавме дека здравството во Македонија може да се бори и со...

Филипче: Докажавме дека здравството во Македонија може да се бори и со светска пандемија

spot_imgspot_img

Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, целосно сме насочени кон поуспешно справување од здравствената криза предизвикана од Ковид-19. Направивме реорганизација на здравствениот систем, каква што не се случила во историјата за одговор на пандемијата и успешно го амортизиравме силниот есенски бран. Ги активиравме и направивме ротација на сите здравствени работници, план кој беше подготвен уште во летото. Ги ставивме сите ресурси во заштитата на здравјето на граѓаните, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека донеле одлука за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од коронавирусот, го зголемиле и бројот на тестирања од Ковид-19 и го подигнале на речиси 3000 дневно.

 

– Покрај тоа, отворивме уште едно приемно одделение во Институтот за јавно здравје и ја забрзавме процедурата за земање на тестови. Набавивме брзи тестови за здравствените установи.
Ги пуштивме во употреба амбулантите на Клиниката за пулмологија и алергологија и клиниките ги пренаменивме во ковид – центри, со цел секој пациент кој има потреба од хоспитализација истиот да ја добие потребната здравствена заштита. Забрзано работиме и на проектот за поставување модуларни болници со 16 општини во државата. Се бориме со вирусот и заштита на што е можно повеќе човечки животи. Обезбедивме 833 000 вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС системот и работиме на тековната подготовка за нови набавки, нагласува Филипче.

Покрај справувањето со овој вирус, министерот вели и дека реализирале и неколку капитални инвестиции.
-Целосно го реновиравме Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија. После 30 години надвор од употреба, го пуштивме во работа целосно реновираниот интерен оддел за женски болести во болницата во Кавадарци, новиот крак од струмичката болница се пренамени како Ковид – центар, целосно е реновиран третиот кат во старата градска болница, а Општата болница во Гостивар го реновираше хируршкото одделение со што ги зголеми болничките капацитети.

– Оваа година, докажавме дека јавното здравство може да се бори со светска пандемија. Покажавме дека со вистинска грижа, труд, организираност и мотивираност можеме да издржиме на долг рок. Се заблагодарувам за дадената доверба. Во периодот којшто е пред нас заеднички продолжуваме во унапредувањето на јавното здравство, истакнува Филипче на својот фејсбук профил.

фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...