9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаБорко Ристовски: Во врска со случајот на 27 април давав морална подршка...

Борко Ристовски: Во врска со случајот на 27 април давав морална подршка на социјалните мрежи како Македонец.

spot_imgspot_img

Борко Ристовски, репрезентативниот голман и чувар на мрежата на неколкукратниот ракометен шампион „Вардар“ денеска пред Судот во Скопје сведочеше за случајот „Организатори на 27 април“, односно за организирањето на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Тој истакна дека тој период не живеел во земјава и за случувањата се интересирал од медиумите.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

„Давав морална поддршка со коментари на Фејсбук како Македонец. Не бев контактиран од Миле Јанакиески ниту од Спиро Ристовски“, рече Борко Ристовски пред Судот.

Мицкоски не дојде да сведочи за „Организатори на 27 април“
Ристовски пред Судот денеска рече дека лично не се познавал со екс-министрите Јанакиески и Ристоски, кои се меѓу обвинетите.

слободна европа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...