9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСакаат да водат љубов, а да не се прегрнат, вели Заев за...

Сакаат да водат љубов, а да не се прегрнат, вели Заев за замерките на ВМРО-ДПМНЕ за законот за лични карти

spot_imgspot_img

Сакам да се идентификувам како Македонец и не гледам ништо лошо, ништо спротивно од тоа што е вековна заложба на овој народ, изјави денеска Мицкоски
Да не се бараат изговори и да се поддржи законот за личните карти, рече премиерот Зоран Заев коментирајќи ги замерките на ВМРО-ДПМНЕ за законот за лични карти, за кои опозицијата прифаќа да има етничка определба во личните карти, но поддршката ја условува со тоа придавката „северна“ да не стои во личните карти.

Премиерот Заев посочи дека кога се крои законско решение не е пресуден само Договорот од Преспа, туку и Уставот на државата, според кој, државното име е Република Северна Македонија.

„Тоа знаете како е ‘сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот’. Дефинитивно треба да се поддржат вакви работи бидејќи сме мултиетничка држава, јас знам дека има дебати и следам дека тоа може да предизвика одредена дискриминација или не. Ние никогаш не сме се криеле ниту некој од својот идентитет се срамел, напротив, сме се гоордееле и како мултиетничко општество сите се гордееме со етничката разноликост по која сме препознатливи и сме пример за соживот и можат многу развиени земји да учат од нас. Уставот на крајот на денот е Република Северна Македонија и апелирам да дадат поддршка, да не се бараат изговори, затоа што кога поднесувате законско решение не е само договорот од Преспа туку постои и Уставот, а тој вели дека нашата земја е Република Северна Македонија“,

рече Заев.
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски порача дека етничките графи се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ, но и македонска националност.

„Во јавноста постои информација којашто е на ниво на политичка калкулација дека прва и основна точка на политичкиот договорот меѓу СДСМ и БЕСА била токму оваа измена во личните карти, односно враќање на старото решение пред потпишување на Преспанскиот договор, кога се брише практично националност и се додава државјанство, односно граѓани на државата со новата придавка. Понатаму, откако се формира новата влада, доаѓа до политички консултации меѓу владините партнери БЕСА и СДСМ и по консулчтација со дипломатски претставник од соседна држава СДСМ ретерира од овој претходен договор, бидејќи јасно им е ставено до знаење од тој дипломатски претставник, дека тоа би значело прекршување на договорот. Откако се соочија со таа вистина, почнуваат да бараат спаринг-партнери кои наместо нив ќе ја одиграат улогата на кочничари на ова решение, и оттука се појавуваат партии кои нѐ убедуваат дека треба да создадеме нова нација која ќе се идентификува со граѓанскиот концепт, граѓани на државата со новата придавка. Не, јас сакам во мојата лична карта да стои мојата нација, македонската нација, бидејќи јас сум Македонец и сакам да се идентификувам како Македонец и не гледам ништо лошо, ништо спротивно од тоа што е вековна заложба на овој народ и граѓаните кои себеси се идентификуваат како Македонци и сакаат во нивните документи да стои дека се Македонци, а не граѓани на државата со новото име и на тој начин да создаваме вештачка нација“,

порача Мицкоски
Тој рече дека ако биде одбиен амандманот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата нема да гласа за законските измени.

За законот за лични карти, партијата Левица предложи 1 230 амандмани. Според оваа партија, оваа дефиниција во личните документи е во спротивност со европските вредности и ги продлабочува етничките разлики. Етничката припадност во личните карти беше услов движењето Беса да влезе во предизборна коалиција со СДСМ и услов за одобрување на уставните измени во 2018 година.

360степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...