Семејство од село Аравати- Ресен, за само 100 денари освои стан.

Семејство од село Аравати- Ресен, на инстант лоз купен во Кавадарци „изгреба“ стан во Скопје.

Државна лотарија, со радост ви го претставува семејство Секуловски – првите добитници на стан од најдомаќинскиот инстант лоз „Доме, сладок доме“.

Мирјана и Гоце Секулоски од ресенското село Арвати, за само 100 денари „изгребаа“ стан во Скопје. Со ова е освоена првата од 5-те премии на инстант лозот „Доме, сладок доме“, во вредност од 2.914.181 денар, колку што изнесува вредноста на добивката – стан со големина од 32,25 м2, со сите вклучени давачки (данок на имот, трошоци за пренос и друго).

Пред подготовка на обемната документација за предавање на станот, бидејќи во 5-те премии на инстант лозот „Доме, сладок доме“ се содржани и два стана со иста квадратура, но на различен кат, ги поканивме членовите на добитничкото смејство, заедно да ја посетиме среќната зграда и да изберат на кој кат ќе е нивниот иден стан. Во тек на пријатното дружење со водителката Марјана Станојковска и тимот на Државна лотарија, Мирјана и Гоце со двете дечиња (од 6 и 8 години), се запознаа со околинаta и новите соседи на адреса Методија Шаторов Шарло, во населбата Аеродром. Шетајќи низ станот добиен за 100 денари, среќните добитници ја споделија со нас нивната среќна приказна.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here