8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија побара одслободување на Алексеј Навални

Македонија побара одслободување на Алексеј Навални

spot_imgspot_img

Македонија е потписник на заедничката изјава на Советот за човекови права, која ја повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на опозиционерот Алексеј Навални и сите лица кои се незаконски или произволно лишени од слобода.

Во изјавата, потпишана од 45 други земји, се изразува загриженост за влошувањето на човековите права и основните слободи во Руската Федерација.

„Апсењето и следното изрекување на казната на Навални се засноваа на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна. „Тоа се случи во контекст на обид да се отруе овој руски државјанин, без настанот да биде соодветно истражен и веродостојно објаснет“, беше наведено во изјавата потпишана во рамките на 46-та седница на Советот за човекови права.

Земјите потписнички се загрижени и за големиот број на самоволни апсења на демонстранти кои изразија поддршка за Навални во многу руски градови.

На списокот на држави потписнички се вклучени и Северна Македонија, Албанија, Хрватска, Франција, Германија, Велика Британија и САД.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...