9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОМД-Упатства и линк за пописот -Со попишувањето ќе се осигурате дека вие...

ОМД-Упатства и линк за пописот -Со попишувањето ќе се осигурате дека вие и вашето семејство ќе се бројат како Македонци

spot_imgspot_img

Оние кои привремено се надвор од Македонија треба да учествуваат во општиот попис што ќе започне во месец април. Македонците во дијаспората може да пристапат кон веб страницата со пописниот формулар на следниот линк census.stat.gov.mk ; информации и насоки за пополнување на истиот се наоѓаат на главната страница за пописот.

Откако ќе го пополните формуларот, испечатете ја последната страница за ваша евиденција. Јавете им се на сите ваши роднини и пријатели Македонци и препорачајте им да се попишат во најкраток рок. Објавете на социјалните мрежи и другите ќе го следат вашиот пример.

Често велиме дека на Македонија и требаат Македонци. Оваа реченица никогаш не била поточна од денес. Со попишувањето ќе се осигурате дека вие и вашето семејство ќе се бројат како Македонци. Кажете им на сите дека постоиме и дека нашиот глас вреди да се слушне.

Подолу е е-маил што ОМД доби од македонската амбасада во Вашингтон, со упатства на македонски и на англиски јазик како да се потполни пописот. Зборот „Северна“ беше отстранет од наша страна од очигледни причини. Забележете: Споделувањето на ова не значи одобрување, договор или поддршка. Само го споделуваме за појаснување доколку треба. Заинтересираните треба да контактираат со нивната локална македонска амбасада или Конзулат за прашања.

Below is an e-mail UMD received from the Macedonian Embassy in Washington, D.C. with instructions in Macedonian and in English on how to take the census. The word “North” was removed for obvious reasons. Please note: Sharing this not imply endorsement, agreement, or support. We are passing along for clarification. Interested should contact their local Macedonian Embassy or Consulate for questions.

Почитувани,

Ве известуваме дека денес започна пописот, односно самопопишување/саморегистрација на државјаните на Рeпублика Македонија во странство, кое ќе се спроведе во периодот од 1 март – 21 април 2021година.
Подолу ви доставуваме подетални информации и корисни линкови за начинот и процесот на самопопишување.

Информации за ПОПИС 2021

1. КОГА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПОПИСОТ?

Пописот на населението, домаќинствата и становите е редовна статистичка операција со која во редовни временски интервали (најчесто на десет години) се врши официјално пребројување на населението на територијата на земјата, од нејзините најмали географски територијални единици (за потребите на Пописот, т.н пописни кругови (ПК), до ниво на држава, заедно со дефинираните демографски, образовни, економски и социјални карактеристики на населението.

Пописот на државјаните на Република Македонија, со престој во странство ќе се спроведе во периодот од 1 март – 21 април 2021година.

2. НАЧИН НА САМОПОПИШУВАЊЕ /САМОРЕГИСТРАЦИЈА

Самопишувањето се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:
· https://stat.gov.mk
· https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx
· https://census.stat.gov.mk

Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис.
Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот.

Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци.

Клучот за спроведување на попишувањето е Единствениот матичен број на граѓанинот –ЕМБГ на лицето кое се попишува.

3. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ПОПИСОТ

Личните податоци прибрани со Пописот претставуваат доверливи податоци и ќе се користат само за статистички цели. Тие подлежат на посебна заштита која ќе биде обезбедена во сите фази на реализација на Пописот (прибирање, контрола, внес, обработка и дисеминација), а во согласност со одредбите на Законот за Попис, Законот за државната статистика и прописите од областа на заштита на личните податоци.

4. РЕДОСЛЕДНОСТ ПРИ САМОПОПИШУВАЊЕТО / САМОРЕГИСТРАЦИЈАТА

За лицатаa, кои престојуваат сами во странство или престојуваат заедно со членовите на нивните домаќинства/семејства, самоопишувањето се одвива по следниот редослед:

Самопопишувањето, започнува со најава на веб-страницата на ДЗС на следните линкови:
https://www.stat.gov.mk
https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx
https://census.stat.gov.mk

Најавата/ регистрацијата за самопопишувањето се врши само од странство – земјата во која лицето престојува (не може да се најавите/регистрирате од Македонија), а клучот за самопопишувањето е Единствениот матичен број на граѓанинот – ЕМБГ на лицето кое се попишува и неговата електронска адреса.
По успешното најавување / регистрација, преку е_ маил порака, лицето се известува за лозинката на која треба да се повика за да може да започне со самопопишувањето. По добивањето на верификацискиот код, пожелно е истиот да се промени, т.е да се креира нова лозинка.
По успешното логирање, може да се стартува со самопопишувањето, а апликацијата овозможува тоа да биде направено со избор на еден од понудените јазици, по избор на лицето кое се самопопишува.
Пописната апликацијата има седум (екрани) страни кои се однесуваат на :
Адреси и идентификациски податоци – Екран 1;
Миграции- Екран 2;
Брачна состојба и етнокултурни карактеристики (етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик) – Екран 3
Образовни карактеристики- Екран 4
Економски карактеристики- Екран 5
Средства за живеење – Екран 6 и
Попреченост/ инвалидитет- Екран 7
Пописната апликација по својата содржина (белезите за кои се прибираат податоци) е иста со пописната апликација што ќе се користи и при попишувањето во земјата, при што задолжително се применуваат технички и организациски мерки согласно со прописите од областа на заштитата на личните податоци.

5. КОРИСНО ВИДЕО УПАТСТВО ЗА ПРОЦЕСОТ НА САМОПОПИШУВАЊЕИ ТЕКСТ СО ЛИНКОВИ ЗА НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ:

Чекор по чекор видео упатство за самопопишување на сите државјани на Република Македонија кои се наоѓаат во странство, односно нашата дијаспора:

на македонски јазик:
https://fb.watch/3XA_6uw8T5/

Обединета Македонска Дијаспора

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...