9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаАкадемскиот професор Томе Наумов по 39 години стаж отпуштен од работа.

Академскиот професор Томе Наумов по 39 години стаж отпуштен од работа.

spot_imgspot_img

Академскиот професор Томе Наумов по 39 години професорски стаж во Високата медицинска школа во Битола е отпуштен од работа поради пензионирање без претходно да биде известен. Тој се пожали дека незаконски и без негово знаење Школата го одјавила во Агенцијата за вработување откако наполнил 64 години, иако потпишал изјава дека ќе продолжи со предавање до законскиот максимум, односно до 67 години.

„Се затекнав во една непристојна ситуација во текот на вчерашниот ден, при држење испит пред студентите ми беше соопштено дека сум одјавен во Агенцијата за вработување. Бев вчудоневиден. Надвор од Законот за високо образование сум одјавен во Агенцијата иако исполнувам 64 години. Правото на професорот е со изјава да продолжи до 67 години. Ќе поднесам кривична пријава против директорката, од нејзиното доаѓање институцијата постојано е на суд“, рече проф. Наумов.

Тој додава дека Законот за образование е јасен, оној професор што ќе наполни 64 години има право да го продолжи работниот век до 67, ако наполни 67 години треба да му се дозволи да ја заврши академската година која завршува на 30 септември.

Директорката на Високата медицинска школа Домника Рајчановска вели дека сите одлуки што ги донела во врска со професорот Наумов се засноваат врз почитување на одредбите од Законот за работни односи и Законот за високото образование.

„Точно е дека професорот достави изјава за продолжување на работниот стаж, но веројатно од само нему познати причини, истата е доставена непосредно пред тој да наврши 64-годишна возраст, со што е прекршен член 104, став 3 од Законот за работни односи. Тоа значи, дека секое мое поинакво постапување би било спротивно на Законот“, вели директорката.

Од Ректоратот на Битолскиот универзитет соопштија дека ниту еден пишан документ поврзан со професорот Томе Наумов не е пристигнат кај нив и без документација не може да се коментира.
за повеќе детали тука… СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...