12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Оваа држава ја разбира маката на работниците, затоа платите редовно растат...

Заев: Оваа држава ја разбира маката на работниците, затоа платите редовно растат и ќе растат !!!

spot_imgspot_img

Работничките и работниците се движечката сила на македонската економија и на развојот на нашето општество, порача денеска премиерот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, честитајќи им го празникот.

Тој посочи дека пандемијата, покрај здравјето, загрози и илјадници работни места, и дека токму затоа, врвен меѓу економските приоритети на Владата бил македонскиот работник.
„Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места, за илјадници вредни работници редовно да земаат плата и да однесат приход во своето семејство.
‘Работните места на прво место!’ – тоа беше главната цел на првите состаноци со
економските тимови кога почна пандемијата. И задоволен сум што оваа наша цел немаше многу противници. Напротив, преку заеднички консултации и со фирмите и со синдикатите, успеавме да ги задржиме работните ангажмани на многу наши граѓани и со тоа да ја држиме економијата жива и динамична. Со тоа уште еднаш се докажа дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество“, додаде Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...