Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“.
Тој се вакцинираше со првата доза на кинеската вакцина на „Синофарм“.
„Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работна агенда во попладневните часови“, истакна Заев и додаде дека со дозите што пристигнаа минатата недела, како и со договорените и потврдени количини што ќе пристигнат во претстојниот период, верува дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на неселение што ќе биде вакцинирано.
Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат, потенцирајќи дека вакцините се безбедни.