11.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСдсм: Зоран Заев силно се бори за татковината, треба да му се...

Сдсм: Зоран Заев силно се бори за татковината, треба да му се приклучат и тие од Вмро.

spot_imgspot_img

Владата, институциите, на чело со премиерот Зоран Заев со сите сили се борат за интересите на татковината, додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага и навива против интересите на граѓаните и на државата.

Ова граѓаните го гледаат секој ден.

Немаат став за ниту едно важно прашање, опструираат и блокираат.

Македонија ги исполни сите критериуми и стандарди за почеток на преговорите и добива силна меѓународна поддршка. На ред е ЕУ да го испорача она што го заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро.

Наместо да се приклучат со поддршка во ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé Република Македонија да не успее.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго, освен обнова на режимот, заштита на криминалот и корупцијата и продавање на лажен патриотизам, затоа шест пати по ред ги поразуваат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...