12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСвадбите и музичарите ќе почекаат уште малку: Утре комисијата ќе одлучува за...

Свадбите и музичарите ќе почекаат уште малку: Утре комисијата ќе одлучува за носењето маски на отворено, и дали да се укине полицискиот час.

spot_imgspot_img

Музичарите повторно извисени ,не се ставени на дневен ред и покрај што министерот Венко Филипче кажа дека ќе има свадби но само на отворено, но од кога сеуште не се знае…

Заменик-минисерот за здравство Илир Хасани, денеска, на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци, изрази надеж дека од следната недела ќе има олеснување на мерките.

-Комисија за заразни болести утре ќе дискутира за олеснување на мерките. Земјаќи ги предвид бројките, кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум оптимист дека следната недела ќе има ублажување на мерките. Не би сакал да шпекулирам, кои мерки конкретно. Меѓутоа сите мерки, кои се преземени, ќе подлегнат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повелчеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани, изјави Хасани.

Тој потврди дека прва тема за дискусија на Комисијата за заразни болести ќе биде носењето маски на отворено. Хасани, како и други граѓани, носењето маска на отворено го чувствува како товар.

-Јас лично носам маската и на отворено. Но, ја чувствувам како голем товар, како и сите граѓани, особено на шеталиштата, по парковите. Кога сме сами во парковите или со децата, маската е навистина тежина, вели Хасани.

Тој е и за целосно укинување на полицискиот час, но вели, за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.

-Комисијата за заразни болести ќе донесе одлука врз основа на целокупната епидемиолошка ситуација, на параметрите, врз основа на предвидувањата и информациите коишто ние ги имаме во однос на другите сојеви коишто се потенцијален ризик за нашата држава, како на пример индискиот сој и други. Ние треба да бидеме многу внимателни за да го зачуваме здравјето, нагласи Хасани.

Во однос на и натаму големиот број смрни случаи, за разлика од големото намалување на новозаразени со коронавирусот, заменик-министерот за здравство смета дека тоа се должи поради тоа што во болниците останале најтешките случаи со пролонгирана болест.

-Генерално мислам дека тоа е очекувано, бројот на смртните случаи да се намали две-три недели можеби и четири по намалувањето на бројот на новозаболени пациенти, вели Хасани.

Тој денеска присуствуваше на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци и рече дека, по долго време во една тешка пандемија, реконструирање на установа е многу добра вест.

Хасани му честита на директорот Ќамиљ Ковачи и на сите вработени во установата, што успеале во време на пандемија, од сопствени средства да реновираат одделение во болницата.

Директорот Ковачи појасни дека во употреба се пушта одделение, во кое се третираат околу 40 хронично болни 40 пациенти.

– Вредноста на инвестицијата е 15 милиони денари, средства обезбедени од сопствениот буџет, информира Ковачи, кој рече дека целта им е да ги подобрат условите за пациентите и персоналот кој е ангажиран во оваа установа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...