9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонија100 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 1865-1921

100 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 1865-1921

spot_imgspot_img

28 јуни 2021 година, Прилеп, Македонија – Ѓорче Петров односно Георги Петров Николов е роден на 2 април 1865 во с. Варош, прилепско, во ситно трговско семејство.
Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација (МРО).
Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Во солунската гимназија останал до 1885 година кога поради учество во ученичкиот бунт бил исклучен со група од 12 македонски ученици меѓу кои и еден друг иден револуционер, Пере Тошев.
Престојувал во Источна Румелија каде собирал финансиски средства за набавка на оружје за идните востанички акции во Македонија.
Во 1885 година завршува 6-ти клас во обласната гимназија во Пловдив. Поради слабото здравје се вратил во татковината како егзархиски учител во Штип (1886-1887).
Во 1888 година заминал во Солун како коректор во основаната печатница на Коне Самарџиев.
Како учител во Скопје (1888-1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската Архиепископија.
Потоа заминал во Бугарија, што било решавачко за создавање на ВМРО.
Ѓорче Петров учествувал во испраќањето на ќираџијата Доне со пратки бомби од Штип до Битола.
Бил професор во Битола (1891-1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895-1897).
Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на Македонската револуционерна организација во Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско.
Во март 1895 година во Солун бил кооптиран за член на ЦК на ВМРО. На Солунскиот конгрес на ВМРО во 1896 година, заедно со Гоце Делчев добиле задача да го изготват уставот на организацијата. Бил еден од составувачите и на Уставот и на Правилникот на Тајната македонско одринска револуционерна организација (ТМОРО).
Подоцна, со налог на организацијата, занимал како задграничен претставник во Софија каде имал средби со Ризов и Љапчев кои го уверувале дека населението во Македонија не било подготвено само да се бори, да крева востание и дека им била потребна помош од врховниот комитет и од бугарските власти.
Единствено тој и Гоце Делчев се спротиставиле за кревање на Илинденското востание поради неговата неподготвеност и избрзаност.
Своите погледи Ѓорче Петров ги образложувал во својот весник “Бунтовник“ каде во средиштето на неговата идеологија лежеле паролата “Македонија на Македонците“.
На Рилскиот конгрес повторно бил избран за задграничен претставник на ВМРО во Софија. Во 1896 година кога во Македонија пристигнале претставници од македонскиот врховен комитет на чело со Луков и Сарафов тој рекол: “Ги пречекавме како Господ, за потоа да заклучиме дека не заслужуваат никакви почести. Станува збор за сосема друга спротивна политика кои ја воделе отцепените претставници, наречени врховисти.“
Во 1896 година во Софија ја објавил книгата “Материјали по изучувањето на Македонија“.
Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија (1897-1901). Учествувал во уредувањето на револуционерниот хектографиран весник “На оружје“.
Иако не го поддржувал, тој сепак учествувал во Илинденското востание и тоа со чета во борбите кај прилепско-мариовскиот крај. Предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието, останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес.
Го уредувал списанието “Културно единство“ во Солун од 1908 до 1909 година.
Во времето на Балканските војни 1912-1913 година и на Првата светска војна 1914-1918 година бил на служба во Серез, Битола и Драма. Бил член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција.
Заради своите чисто македонски позиции станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на врховистите. Конечно, како цел на братоубиствената политика во Бугарија, на 28 јуни 1921 година врз Ѓорче Петров бил извршен атентат од платениците на Тодор Александров среде градот Софија.
Бог да го прости и нека неговата душа ја удостои во Царството небесно каде што почиваат душите на праведниците. Слава му и вечнаја памјат на неговото дело за Македонскиот народ и за Македонија! Амин!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...