8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Асен Шајн на чело на тимот кој ќе спроведува скрининг на...

Д-р Асен Шајн на чело на тимот кој ќе спроведува скрининг на слухот кај новородени во Општата болница во Охрид

spot_imgspot_img

Од денес ЈЗУ Општа Болница – Охрид, се вклучи во пилот проектот „Скрининг на слухот кај новородени“, кој го иницираше Клиниката за уво, грло и нос – Скопје. За главен координатор во Одделението за уво, грло и нос во охридската општа болница е назначен оториноларингологотД-р Асен Шајн, а уредот за скрининг на слухот кај новороденчиња го донираше фирмата „Градежник’’ од Охрид, пишува-.ohridnews

Очекуваме дека навремената детекција и интервенција на слушно оштетените новородени ќе ги намали трошоците за нивна општествено-социјална интеграција, вклучително и образование. – велат вклучените во проектот.

 

Д-р Асен Шајн на чело на тимот кој ќе спроведува скрининг на слухот кај новородени во Општата болница во Охрид
Од овај проект, кој е дел од Програмата на Министерството за Здраство за активна заштита на мајки и деца за 2021 година, треба да произлезе законска регулатива за имплементација на универзален неонатален скрининг на слухот на национално ниво.

Уредот за скрининг на слухот кај новороденчиња го донираше фирмата „Градежник’’ од Охрид
Проектот е имплементиран и континуирано се реализира во одделот за интензивна нега при ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство Скопје, Општа болница Струмица и ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза’’- Скопје, а од сега и во Општата болница во Охрид.

Г.М. Извор:ohridnews

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...